Kurir
Израелската армија денеска ги повика жителите на седум села во јужен Либан да се евакуираат пред планираните напади против проиранското движење Хезболах, и покрај прекинот на огнот. Повеќето од селата за кои е издадено предупредувањето се наоѓаат околу градот Набатие. Израел извршува речиси секојдневни напади во јужен Либан и покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 17 април, а израелската армија го обвинува Хезболах дека го нарушува. Извор МИА
Go to News Site