Kajgana
ПСЖ ја одбрани титула во ЛШ откако го доби пенал рулетот против Арсенал уефа лига на шампиони 2025/2026 финале Филип Здравески 30.05.2026 / 23:22 Фудбал Фудбалерите на ПСЖ ја одбранија титулата во Лигата на шампионите. Во големото финале во Будимпешта, ПСЖ по изведувањето пенали го победи Арсенал со 4:3. Во регуларниот дел и продолженијата натпреварот заврши 1:1. ПСЖ е првиот тим по Реал Мадрид што успеал да ја одбрани титулата европски првак. Тренерот Луис Енрике стана еден од петмината тренери со три титули во Лигата на шампионите. Финалниот меч понуди драма само поради пеналите, во регуларниот тек и продолженијата, ПСЖ сакаше да игра, Арсенал главно определен на дефанзивата. Сите статистички параметри беа на страната на ПСЖ, поседот на топката, односот на ударите кон голот. Во рамките на голот ПСЖ се обидоа пет пати, а единствениот удар на Арсенал заврши во голот на Сафонов. Каи Хаверц го постигна првиот гол во 6. минута, кога Германецот ја закова топката во голот. Изедначи Усман Дембеле од пенал во 65-тата минута. Пенал серијата ја обележаа Езе и Габриел, двајцата играчи на Арсенал ужасно шутираа од 11 метри. Езе ја испрати топката еден метар крај голот, а Габриел неколку метри над гредата. Давид Раја одбрани еден пенал, оној на Нуну Мендеш. Remote video URL ПСЖ Арсенал Лига на шампиони Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On
Go to News Site