Kurir
- Синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и луксузни игри на Јадранот, изјави Петрушевски Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија. - Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДС, продолжи Петрушевски. - И затоа, наместо да шири празни флоскули и демагогии, треба да каже дали се точни информациите кои ги добивме од свиркачи во синдикатот, дека на спортските игри предност имале да одат оние кои заедно со него и Трендафилов протестираа, а воедно се членови на СДС? праша пратеникот. Наместо УПОЗ и ССМ да бидат целосно посветени на заштита на работниците, нивното раководство предводено од Деаноски и Трендафилов, се повеќе покажува дека го губи компасот и дека се оддалечува од базата, од членството и од реалните потреби на народот. - Деаноски и Трендафилов треба повеќе да работат и да се трудат да го полнат џебот на работниците, а не да живеат на сметка на истите, заврши дециден Петрушевски. https://www.youtube.com/watch?v=rIxDtWSxJOA
Go to News Site