Collector
Седлоски: Не сум тренер што сака да се брани, но за играта се прашува и противникот | Collector
Седлоски: Не сум тренер што сака да се брани, но за играта се прашува и противникот
Kajgana

Седлоски: Не сум тренер што сака да се брани, но за играта се прашува и противникот

Седлоски: Не сум тренер што сака да се брани, но за играта се прашува и противникот Филип Здравески 31.05.2026 / 17:50 Фудбал Селекторот Гоце Седлоски на официјална прес-конференција ги кажа своите очекувања од утрешниот пријателски меч против Турција. „Играме со една силна репрезентација како Турција, ние сме пред нов процес, создавање на нов тим, не е лесно за таков краток период да се направи игра и сѐ. За деновите минати со моите играчи презадоволен сум од она што го прикажуваат. Што се однесува до тоа дека имаме сличен стил на Австралија, тоа е мислење на селекторот, ние дојдовме тука да се претставиме во добро издание“, почна селекторот. „Од тие нови играчи повикав 7 од домашната лига. Со БиХ имавме три стартери од нив, така ќе биде и утре. Оние што беа со нас тука цело време сум презадоволен од нив. Против Босна оставија добар впечаток, за утре ќе видиме. Турција има добри индивидуални играчи, но ние треба да се прикажеме цврсто, да покажеме дека и ние вредиме.“ Фудбалските познавачи сметаат дека Турција е поголем предизвик од „Змајевите“. „Од играчите барам дисциплина, секој да ја завршува својата работа на теренот. Сакам да играме офанзивен фудбал, но да не заборавиме против какви репрезентации играме. Новите играчи треба да се вклопат со постарите. Тука не зависи сѐ од нас, туку и од тоа колку противникот ќе дозволи. Не сум тренер што сака да се брани, но јасно е дека за ова и противникот се прашува.“ Натпреварот Турцуија - Македонија се игра в понеделник на „Шукру Сарачолу“ стадионот на Фенербахче со почеток во 18:30 по македонско, а 19:30 по локално време. Гоце Седлоски Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески (од Истанбул) Прикажи во метро On

Go to News Site