Collector
Алиоски: Сакам да стигнам до 100 репрезентативни настапи, но сакам и успех, не ме интересира само бројот | Collector
Алиоски: Сакам да стигнам до 100 репрезентативни настапи, но сакам и успех, не ме интересира само бројот
Kajgana

Алиоски: Сакам да стигнам до 100 репрезентативни настапи, но сакам и успех, не ме интересира само бројот

Алиоски: Сакам да стигнам до 100 репрезентативни настапи, но сакам и успех, не ме интересира само бројот Филип Здравески 31.05.2026 / 18:01 Фудбал На денешната прес-конференција покрај селекторот беше присутен и Езѓан Алиоски кој расположено одговараше на новинарските прашања. Фото: ФФМ Алиоски има играно на истиот стадион во дресот на Фенербахче. „Секогаш е убаво да се вратиш каде што си играл. Но, тоа не значи ништо, имаме меч со репрезентацијата, ќе има публика, треба да уживаме. Секој меч е ново искуство, пред сѐ за младите. Со Босна одигравме добро. Горд сум што ја носам 10-ката, но бројката не игра на терен. Знам кој ја носеше. Барди сега не е тука, затоа ја зедов, но кога ќе се врати ќе си ја добие назад.“ Од редакцијата на Кајгана на Алиоски му беше посочено дека утрешниот меч ќе му биде број 91 во репрезентацијата и го прашавме што тоа значи за него и дали планира да ја брка стотката. „За мене репрезентацијата е многу важна. Сакам да стигна до 100 натпревари, но дај Боже да немам повреди, другото ќе си дојде. Сакам да имам и успех, не ме интересира само бројот на натпревари.“ Моментално Алиоски се наоѓа на 4. место на вечната листа по бројот на настапи, а пред него се Александар Трајковски (98), Гоце Седлоски (100) и Горан Пандев (122) Натпреварот Турцуија - Македонија се игра в понеделник на „Шукру Сарачолу“ стадионот на Фенербахче со почеток во 18:30 по македонско, а 19:30 по локално време. Езѓан Алиоски Македонија фудбал Автор/Извор Филип Здравески (од Истанбул) Прикажи во метро On

Go to News Site