Collector
Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има | Collector
Филипче да му пренесе на Радев,  без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има
Kurir

Филипче да му пренесе на Радев, без гаранции и без испорака од Бугарија, уставни измени нема да има

ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека се залага за спроведување на уставните измени без претходно обезбедени гаранции од Европската Унија и дека ја продолжува политиката на поранешното раководство на партијата. Според владејачката партија, Филипче го следи моделот на поранешниот премиер Зоран Заев, кој, како што наведуваат, довел до претходните уставни измени и промената на уставното име на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДСМ, откако е во опозиција, повторно се обидува да ја наметне истата политика, при што го обвинуваат Филипче дека се приближува до официјална Софија и ги поддржува бугарските позиции во однос на евроинтегративниот процес на земјата. Во соопштението се наведува дека ставовите на бугарските власти во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет се добро познати и неприфатливи за македонската страна. ВМРО-ДПМНЕ оценува дека уставни измени не треба да се спроведуваат без претходно обезбедени гаранции и исполнување на обврските од страна на Европската Унија, вклучително и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Од партијата порачуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи, како што велат, национални отстапки на штета на државните интереси сè додека не бидат обезбедени јасни и цврсти гаранции од Европската Унија.

Go to News Site