Kajgana
Škoda подготвува изненадување за Европа: SUV поевтин од многу градски автомобили? Александра Спасеска 01.06.2026 / 10:31 Авто новости Škoda наскоро би можело да понуди еден од најпристапните SUV модели на европскиот пазар. Зборуваме за моделот Kylaq, кој веќе се продава во Индија и кој, според медиумите, би можело да пристигне и во Европа по цена помала од 15.000 евра. Kylaq беше лансиран кон крајот на 2024 година и за нешто повеќе од една година, продаде повеќе од 50.000 единици во Индија. Моделот има значителен удел во вкупната продажба на чешкиот бренд на тој пазар, пишува Auto Bild. Долг е само 3,99 m, ширината е 1,78 m, а висината е 1,62 m. Базиран е на механичката платформа MQB-A0, која ја користат и други модели на групацијата Volkswagen. Дизајнот го следи најновиот стил на Škoda „Modern Solid“, со впечатлива решетка на ладилникот и тенки дневни светла. Иако името можеби сугерира поинаку, Kylaq не е електричен автомобил. Го напојува 1,0-литарски трицилиндарски бензински мотор со 115 КС и 178 Nm. Купувачите може да избираат помеѓу шестстепенски мануелен и автоматски менувач, додека моќноста се испраќа на предните тркала. За модел од овој ценовен сегмент, опремата е изненадувачки богата. Автоматската контрола на климата е стандардна, додека вентилацијата на седиштата и електричниот панорамски шибер се достапни како опции. Практичноста е уште еден адут. Багажникот нуди волумен од 446 литри, а со склопување на задните седишта, просторот се зголемува на дури 1.265 литри. Доколку навистина стигне на европскиот пазар по најавената цена, Škoda Kylaq би можело да стане сериозен конкурент на модели како што се Dacia Sandero и други прифатливи автомобили во Европа. Škoda Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site