Collector
Петрушевски: Деаноски и Трендафилов да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДС | Collector
Петрушевски: Деаноски и Трендафилов да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДС
Kurir

Петрушевски: Деаноски и Трендафилов да кажат дали синдикалните пари завршиле за наградување на привилегирани членови блиски до СДС

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати критики кон раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), обвинувајќи ги претседателот Слободан Трендафилов и претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, за ненаменско трошење на средства од членарината на синдикалците. На прес-конференција, Петрушевски изјави дека наместо да се фокусираат на заштита на работничките права, синдикалните лидери трошеле пари за, како што рече, „луксузни патувања, привилегии и спортски игри на Јадранот“. Тој посочи дека според информации добиени од лица кои ги нарече „свиркачи“ во УПОЗ, за организирање спортски игри во Црна Гора биле потрошени околу 60.000 евра, сума која, според него, претставува значителен дел од годишниот буџет што се обезбедува преку членарините на синдикалците. Петрушевски побара одговор од Деаноски и Трендафилов на наводите дека изборот на локацијата за спортските игри бил направен за да им се излезе во пресрет на синдикалци кои се членови на СДСМ и кои учествувале на претходни протести организирани од синдикатите. Дополнително, тој праша дали е точно дека поради таквите активности биле деградирани долгогодишни членови на синдикатот. „Наместо борба за работнички права, Трендафилов и Деаноски се борат за луксуз“, рече Петрушевски, додавајќи дека поради ваквото работење ССМ бележи намалување на членството и постепено го губи својот легитимитет и кредибилитет.

Go to News Site