Kurir
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Париз е целосно подготвен да ги поддржи мировните преговори помеѓу САД и Иран и да преземе оперативна улога на терен штом се постигне договор. Неговата изјава уследи по синоќешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп. - Истакнав дека сме подготвени во целост да ги поддржиме овие напори и да го преземеме својот дел од одговорноста во спроведувањето. Всушност тоа е целта на меѓународната мисија што ја смисливме заедно со Британците и нашите партнери. Мисијата е подготвена за распоредување штом биде постигнат договор што би придонел за обезбедување на поморската трговија во Ормуска Теснина, посочи Макрон. Тој додаде дека Франција е подготвена да ја понуди својата експертиза и воени капацитети во пошироките преговори, вклучително и нуклеарното прашање. (МИА)
Go to News Site