Collector
Иран поради израелските напади врз Либан, ги прекина преговорите со САД и целосно ги блокира Ормуска Теснина и Баб ал Мандеб | Collector
Иран поради израелските напади врз Либан, ги прекина преговорите со САД и целосно ги блокира Ормуска Теснина и Баб ал Мандеб
Kurir

Иран поради израелските напади врз Либан, ги прекина преговорите со САД и целосно ги блокира Ормуска Теснина и Баб ал Мандеб

Иранскиот преговарачки тим ја прекинува размената на пораки со САД преку посредниците поради израелските напади врз Либан, објави иранската новинска агенција Тасним. - Нема да има дијалог сè додека не се почитуваат ставовите на Иран и Хезболах за ова прашање, објави Тасним, додавајќи дека иранските претставници бараат прекин на израелската офанзива и целосно повлекување од окупираните територии. Агенцијата објави и дека Иран целосно ја блокира Ормуска Теснина и најави блокада на теснината Баб ал Мандеб, која го поврзува Црвено Море со Аденски Залив и Индиски Океан. Претходно, портпаролот на иранската армија Аболфазл Шекерчи изјави дека војската „нема да го толерира продолжувањето на бруталните злосторства против Либан“. Тој додаде дека израелската армија „отворено ја наруши либанската територија и уби повеќе од 3.000 невини луѓе, меѓу кои деца и жени“. Во меѓувреме, шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на платформата Икс објави дека актуелното примирје помеѓу Иран и САД е недвосмислен прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и во Либан. - Кршење на еден фронт е кршење на прекинот на огнот на сите фронтови. САД и Израел ја носат одговорноста за последиците од какво било кршење, наведе Арагчи. Неговата изјава уследи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нареди напади врз јужните предградија на Бејрут контролирани од Хезболах.  (МИА)

Go to News Site