Collector
Во Кенија протести поради изградба на карантински центар за ебола | Collector
Во Кенија протести поради изградба на карантински центар за ебола
Kurir

Во Кенија протести поради изградба на карантински центар за ебола

Стотици млади луѓе денеска протестираа во градот Нанјуки, централна Кенија, против плановите за изградба на карантински центар за луѓе изложени на вирусот ебола во воздухопловната база Лаикипија. Демонстрациите се случија два дена откако Високиот суд на Кенија привремено ја запре изградбата на објектот и пристигнувањето странски пациенти по реакцијата на Адвокатската комора на Кенија дека здравствениот систем нема капацитет да се справи со карантинот на странски пациенти изложени на вирусот ебола. Американските претставници минатата недела изјавија дека САД планираат да ги испратат своите граѓани кои биле изложени на вирусот во странство во новиот објект во Кенија наместо да ги транспортираат назад во земјата. Министерството за здравство на Кенија вчера изјави дека објектот е за сите оние на кои им е потребна помош и нема да биде наменет само за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио најави дека Вашингтон планира да издвои 13,5 милиони долари за да ѝ помогне на Кенија да се подготви за можна епидемија на ебола. Во Кенија досега не се регистрирани случаи на ебола, а во соседна Уганда пријавени се девет случаи, по што е затворена границата со Демократска Република Конго. Најмалку 282 случаи на сојот на еболата, бундибугио, се потврдени во Демократска Република Конго. Покрај тоа, има повеќе од 1.000 сомнителни случаи, кои сè уште се тестираат.  (МИА)

Go to News Site