Collector
Поддршката на Малта за евроинтеграциите во фокусот на средбата Гаши-Фаруџа | Collector
Поддршката на Малта за евроинтеграциите во фокусот на средбата Гаши-Фаруџа
Kurir

Поддршката на Малта за евроинтеграциите во фокусот на средбата Гаши-Фаруџа

На маргините на Пленарната сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир што се одржува денеска во Собранието, Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Македонија остварил средба со Анџело Фаруџа, претседател на Претставничкиот дом на Република Малта. Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата се изразило задоволство што Собранието е домаќин на овој меѓународен настан како и за можноста да се разговара за перспективите на идната соработка меѓу Македонија и Малта. -Претседателот Гаши истакна дека парламентарната дипломатија претставува значаен сегмент во секојдневното парламентарно работење и можност за промовирање на видливоста на еден парламент надвор од границите на државата, но и можност за споделување на заеднички искуства и добри практики меѓу двата национални парламенти, со посебен акцент на евроинтеграциите и искуствата на Малта како мала земја членка на ЕУ при нејзиниот процес на пристапување во ЕУ. Тој ја потенцираше важноста од принципиелност од страна на ЕУ во процесот на проширување кон земјите од Западниот Балкан како и целосна примена на Копенхашките критериуми и принципот на заслуги, стои во соопштението. Претседателот Фаруџа искажал благодараност што Собранието е домаќин на оваа меѓународна конференција. Тој укажал дека Малта целосно го поддржува европскиот пат на нашата држава и смета дека неправедно се закочува пристапувањето кон ЕУ, пат кој трае скоро четвртина век откако земјата е кандидат за членка на ЕУ. Изрази надеж за размена на искуства и добри практики, нешто што за нашето Собрание ќе биде од исклучително значење, особено во рамките на евроинтеграцискиот пат. Двајцата соговорници се согласиле дека билатералните односи меѓу двете држави претставуваат одлична основа за интензивирање на идната заедничка соработка на сите нивоа и изразија уверување дека двата парламенти во наредниот период ќе ја интензивираат соработката.

Go to News Site