Kurir
Селекторот Гоце Седлоски ги избра стартните 11 фудбалери за вечерашниот контролен дуел против Турција во Истанбул. За разлика од дуелот против БиХ во петокот, нови имиња во почетниот состав се дефанзивците Деспотовски, Фетаи и Алиоски, Елези во средниот ред и Омерагиќ во нападот. На голот со капитенската лента ќе биде Димитриевски, во дефанзивната линија Велковски, Фетаи, Зајков и Деспотовски, Елези, Атанасов и Елмас во средниот ред, а нападот ќе го предводат Миовски и Омерагиќ. Натпреварот на стадионот „Шукру Сарачоглу“, кој според информациите ќе биде целосно исполнет, започнува во 19:30 часот. (МИА)
Go to News Site