Kurir
Првиот ден од најголемата спортска манифестација во Македонија започна во спортски дух и пријателско расположение, на задоволство на бројните посетители во Градскиот парк. -Огромна благодарност до организаторите од Евентиве - Спортско здружение Спортски игри што јубилејна година по ред Велес го прават спортски центар на Македонија. Над 600 натпреварувачи, од кои повеќе од 100 од странство ќе си ги одмерат силите во фудбал, одбојка на песок, 3х3 баскет, тенис и новото изненадување за годинава: street workout, истакна градоначалникот на Велес, Марко Колев. Градскиот парк одекнува, велешани шест дена ќе уживаат во спорт, забава и дружење. Велес е спортски град!
Go to News Site