Collector
Сабаленка без проблем до четвртфиналето на Ролан Гарос | Collector
Сабаленка без проблем до четвртфиналето на Ролан Гарос
Kurir

Сабаленка без проблем до четвртфиналето на Ролан Гарос

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка синоќа избори пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос откако со 2:0 во сетови ја совлада Наоми Осака. Иако според резултатот изгледа лесна победа сепак Осака пружи силен отпор особено во првиот сет, кој и припадна на Сабаленка со 7:5 во гемови. И во вториот сет се водеше голема борба, а фаворитката Сабаленка го доби сетот со 6:3 во гемови. Во следното коло Сабаленка ќе игра против Дијана Шнајдер, која претходно ја совлада Медисон Кејс со 2:1 во сетови. Денеска на програмата се првите четвртфинални мечеви (по два) во двете конкуренции. (МИА)

Go to News Site