Kajgana
Мицкоски: Во јуни нè очекува реконструкција на Владата Александра Спасеска 02.06.2026 / 08:46 Македонија Премиерот Христијан Мицкоски вчера одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, потенцира, дека истата ќе биде архивирана денеска, и потсети дека во јуни ќе има реконструкцијата на Владата. „Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни нè очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамките на Владата“, кажа вчера Мицкоски. Тој наведе дека Фетаи во оставката се заблагодарува за работата со него како премиер, како и со останатите колеги во рамките на Владата. На прашањето кога ќе биде реконструкцијата на Владата премиерот кусо одговори дека јавноста во соодветно време ќе биде информирана за сите детали околу реконструкцијата. Претходно вчера на социјалните мрежи Фетаи објави дека поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во напишаното, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On
Go to News Site