Collector
Седум жртви во вооружен напад во Ајова | Collector
Седум жртви во вооружен напад во Ајова
Kurir

Седум жртви во вооружен напад во Ајова

Маж застрелал шест лица на различни локации во градот Маскатин во американската сојузна држава Ајова, по што извршил самоубиство, соопшти локалната полиција. Прелиминарната истрага покажува дека трагичниот настан започнал по семејна расправија. Според досегашните информации, полицијата во Маскатин, град сместен на брегот на реката Мисисипи, засега работи врз верзијата дека пукањето е поврзано со домашен конфликт. Надлежните органи продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Go to News Site