Kurir
Вкусен и брз оброк за подготовка, може да биде појадок или главно јадење. Состојки: 1 тиквичка 2 пиперки 3 домати (може и шери домати) 4 јајца 4 дл павлака за готвење сол, масло, бибер масло за пржење 100 грама рендано сирење сецкан магдонос Подготовка: Добро измијте го целиот зеленчук и исечете го на тенки парчиња, прстени или по должина. Пржете кратко во масло од двете страни. Ставете го зеленчукот во огноотпорен сад. Изматете ги јајцата со павлаката и додадете ги зачините. Прелијте го зеленчукот и наросете со сирење и сецкан магдонос. Ставете го во претходно загреана рерна околу 10 минути да се пече.
Go to News Site