Kurir
Скоро една година македонските граѓани не можат да го сфатат и разберат однесувањето на СДС. Честопати, индолентното и луцидно однесување на челниците на партијата, меѓу кои најизвикани и најчести на екраните се „лидерот“ Венко, Богданка, Фрчко Јуниор и Жерновски, е надвор од сите граници на пристојноста и нормалниот политички дискурс, кој да бидеме искрени - никогаш и не бил на највисоко ниво во Македонија и кај СДС, но последните месеци реално го допре дното. Конечно, дојдовме до какво и да е, едно и единствено логично објаснување за ваквата канонада со лажни наративи, „фејк њуз“, агресија, ароганција, манипулации и изместени конструкции на говорниците од Бихаќка. Еве како GOOGLE на GMAIL гледа на она што го пишува и вели СДС. Проблемот е што Гугл на јазикот на Венко, Богданка и екипата гледа де коризкански, де италијански јазик. Никогаш МАКЕДОНСКИ. Ете, каде лежел зајакот и зошто народот не ги разбира СДС. До јазикот било, не до неповрзаните, психоделични и напати инфантилни писанија и прес-конференции на Заевци. И Google го знае она што во Македонија го знаат и врапчињата. Дека ова не е македонска партија, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи. Еве го доказот, црно на бело...
Go to News Site