Collector
Ограничување на пловидбата за скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро | Collector
Ограничување на пловидбата за скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро
Kajgana

Ограничување на пловидбата за скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Ограничување на пловидбата за скутери и чамци на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро Александра Спасеска 02.06.2026 / 15:37 Македонија Во насока на зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата, а заради заштита на човечките животи и непречено користење на езерските води, Владата на предлог на Министерството за транспорт донесе Одлука за ограничување на пловидба на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Имено со Одлуката се ограничува: Пловидба на скутери во период од 1 јули до 31 август 2026 година од 11 часот се до 19 часот. Пловидба на чамци и тоа: од 3 јуни до 31 август 2026 година во времетраење од 21 до 5 часот од 1 септември до 30 септември 2026 година во времетраење од 20 до 6 часот од 1 октомври до 31 октомври 2026 година во времетраење од 19 до 6 часот Оваа Одлука, како што е соопштено, се носи со цел намалување на ризикот од несреќи, спречување на загрозување на безбедноста на капачите и зачувување на јавниот ред на езерата. Информираат дека надлежните служби ќе вршат засилени контроли и за непочитување на пропишаните ограничувања ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законските прописи. Апелираат до сите сопственици и управувачи на скутери и чамци да ги почитуваат правилата за пловидба, означените безбедносни зони и насоките на надлежните органи. Автор/Извор МАКФАКС Прикажи во метро On

Go to News Site