Kurir
Куманово станува дел од една од најпрепознатливите фудбалски приказни во светот. Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié — клуб со 115 годишна традиција и оваа сезона повторно учесник во УЕФА Лигата на шампионите — првпат пристигнува во Македонија. Од 19 до 21 јуни 2026, во MM SPORT Евент Центар во Куманово, ќе се одржи камп со кој започнува соработката меѓу Севиља и нашиот град. Но најважниот збор во оваа приказна не е „клуб“, ниту „академија“ — туку детето. Целиот проект е градан околу едно прашање: како од едно дете да изградиме силен карактер, личност со интегритет и здрава иднина? Шпанската фудбалска филозофија ја одбравме затоа што со децении ја докажува сопствената вредност. Таа не учи само како се игра фудбал — таа го гради целиот спортист: силен менталитет што не паѓа по првиот неуспех, дисциплина што останува и кога никој не гледа, разбирање на суштината на играта, тактичка зрелост, врвна физичка подготвеност и оној непоколеблив спортски дух што и подоцна, надвор од теренот, ги прави луѓето победници во животот. Тоа е токму суштината на методологијата „La Cantera“ на Real Betis — истиот систем што изродил играчи кои денес носат дресови во La Liga и националните репрезентации, а ќе ја носат и нашата младина. Тренинзите ќе ги водат тренери директно делегирани од Real Betis Foundation заедно со локални тренери, на FIFA-сертифициран терен со сите безбедносни и медицински стандарди. Кампот е наменет за деца родени помеѓу 2012 и 2019 година (7—14 години), со основни вредности кои клубот ги негува со генерации: понизност, труд и посветеност. И токму затоа упатуваме отворен повик до сите родители и деца од Куманово и Македонија — ова е момент што не се пропушта. Местата се ограничени, а интересот веќе расте. Дозволете му на вашето дете да чекори по истиот пат по кој денес чекорат најголемите имиња на европскиот фудбал. Пријавите се отворени. Контакт и регистрација на: www.mmsport.mk • betiscamp@mmsport.mk • +389 78 54 34 84
Go to News Site