Collector
Токио со дополнителен буџет за ублажување на последиците од енергетската криза | Collector
Токио со дополнителен буџет за ублажување на последиците од енергетската криза
Kurir

Токио со дополнителен буџет за ублажување на последиците од енергетската криза

Јапонската Влада одобри дополнителен буџет во вредност од 3,1135 трилиони јени (околу 19 милијарди долари) за поддршка на домаќинствата погодени од растот на трошоците за живот предизвикан од војната во Иран. Одлуката беше донесена на денешната седница на Кабинетот, а владиниот портпарол, Минору Кихара, изјави дека мерката има цел да ги намали економските ризици поврзани со неизвесната состојба на Блискиот Исток. – Со оглед на продолжената неизвесност околу ситуацијата во Блискиот Исток, го подготвивме овој буџет со цел да ги минимизираме ризиците и да обезбедиме стабилен финансиски капацитет за реакција, изјави Кихара. Јапонската премиерка, Санае Такаичи, претходно најави дека средствата ќе бидат искористени за ублажување на растот на цените на бензинот, електричната енергија и природниот гас. – Ситуацијата на Блискиот Исток останува неизвесна. Затоа подготвивме дополнителен буџет за да бидеме целосно финансиски подготвени, изјави Такаичи. Таа додаде дека Јапонија очекува да обезбеди стабилно снабдување со нафта најмалку до следната пролет, посочувајќи дека алтернативните извори на снабдување надвор од Блискиот Исток веќе достигнале повеќе од 80 проценти. Во меѓувреме, Јапонската централна банка ги зголеми прогнозите за инфлацијата и ги намали очекувањата за економски раст, предупредувајќи дека поскапувањето на сировата нафта ќе доведе до дополнителен раст на цените на енергијата и стоките за широка потрошувачка.

Go to News Site