Collector
Народен Театар Охрид слави 15 години постоење | Collector
Народен Театар Охрид слави 15 години постоење
Kurir

Народен Театар Охрид слави 15 години постоење

Со двојна премиера на претставата "Оркестар титаник" од авторот Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар од Охрид ќе прослави петнаесет години постоење како дел од центарот за култура "Григор Прличев" - Охрид. Актери кои играат во претставата се: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски. Костимите и сценографијата се на Сергеј Светозарев. За претставата и јубилејот, режисерот Цветановски ќе рече: "Надежта е основна категорија на човековото постоење. Она што не издвојува и на прави луѓе. Ако немаш надеж, ништо не си. Овие луѓе живеат на напуштена железничка станица и сонуваат за својот воз, за својот брод, за својот излез, за своето постоење. Низ таа потрага тие наоѓаат нешто што го имаат заборавено – сопственото јас и за што постојат овде. Со оваа премиера се прославува 15 години од формирањето на театарот. На 3 -ти јуни ќе се случи 46- ти пат да се отворат вратите за нова претстава која охридската публика ќе ја погледне за прв пат. Се надевам се гледаме на прославата за 30 години формирање. Да живее театарот! Претставата покрај во среда -3 јуни 2026, охридската публика ќе може да ја погледне и во петок, на 5 јуни со почеток во 20:00 часот. Програмата на јубилејот повод 15 годишнината од формирањето на Охридскиот Театар, ќе започне во 19:00 часот со свечено отворање на изложбата "Историска патека на театарски претстави" - ретроспективен времеплов преку серија на костимско сценски поставки од досегашните претстави во продукција на Народен Театар Охрид. Изложбата ќе биде отворена за посетителите и во наредните денови.

Go to News Site