Kurir
„Нашиот народ од секогаш градел. Верувајќи дека градејќи за Бога, гради и за себе. Гради за своето опстојување, и за својот духовен и национален идентитет. Нашиот народ градел светлини, зашто во духовноста ја гледал сета своја слобода. Нашиот народ градел за Бога, зашто верувал дека нема преобразување, нема облагородување и нема збогарување на духовниот живот без храм, без дом Божји и без место за постојано сретение со Господа. И семејството Хилјадникови продолжуваат да градат и да даруваат пред Господа. Тоа семејство е познато покрај другото и по учеството во градбата на т.н. источем конак на Лесновскиот манастир. Оваа нова градба пак ќе биде во чест на Светиот великомачаник Пантелејмон, познатиот и признат христијански речител и не сребреник кој лечел со името Господово. Нека е честит и благословен почетокот на градбата и дај Боже да ни се множат ваквите свети градби. Амин и за многу години.“ Со овие зборови Неговото блаженство Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан го освети и благослови поставувањето на камел темелникот на Црквата „Свети Пантелејмон“, во населба Суитлак, во Штип, на 30 мај 2026г. [video width="568" height="320" mp4="https://kurir.mk/wp-content/uploads/2026/06/sv.pantelejmon-shtip.mp4"][/video] Инаку, кога семејната традиција почната во 1899г. вклесана од Андон М. Хилјадников, во Лесновскиот манастир „Свети Гаврил“, помешана со љубовта кон Бога, ќе се испреплетат и станат семејна реликвија, која се пренесува низ генерации, нормално е семејството Хилјадникови и денес да го одбележат Богољубието, преку градба на духовен и Божји храм. На тој начин тие на дело го живеат нивниот фамилијарен слоган: „Од минатото учиме, сегашноста ја градиме, иднината ја создаваме - секогаш возљубени во Бога“. Ни останува само да кажеме Амин!, и ние да ја благословиме градбата и да посакаме што поскоро првата молитва и првата служба во овој духовен храм „Свети Панрелејмон“. Сотир Костов
Go to News Site