Collector
ВИДЕО: Катедралата во Келн воведува влезница од 12 евра за туристите | Collector
ВИДЕО: Катедралата во Келн воведува влезница од 12 евра за туристите
Kurir

ВИДЕО: Катедралата во Келн воведува влезница од 12 евра за туристите

Познатата катедрала во Келн од јули ќе почне да наплаќа влез на туристите од 12 евра, соопштија од катедралата. Станува збор за импресивна градба со две кули, од 13 век и претставува едно од најзначајните достигнувања на готската архитектура во Европа. Од управата информираа дека приходите од новата влезница ќе бидат наменети за покривање на трошоците за одржување и зачувување на црквата. -Во моментов влезот во катедралата е бесплатен. Надоместок од осум евра се наплаќа само за оние кои сакаат да се искачат на една од нејзините кули. Верниците кои доаѓаат на молитва и влегуваат преку другиот влез и натаму ќе бидат ослободени од плаќање, информираа од катедралата. Катедралата која се наоѓа во центарот на Келн е една од најпосетуваните туристички атракции во Германија. Според достапните податоци, секоја година ја посетуваат околу шест милиони луѓе од државата и странство.Одлуката за воведување влезница доаѓа во време кога бројни историски и верски знаменитости низ Европа се соочуваат со сè поголеми трошоци за одржување, реставрација и заштита на културното наследство.

Go to News Site