Collector
(ВИДЕО) Во ирански напад оштетен меѓународниот аеродром во Кувајт Сити | Collector
(ВИДЕО) Во ирански напад оштетен меѓународниот аеродром во Кувајт Сити
Kurir

(ВИДЕО) Во ирански напад оштетен меѓународниот аеродром во Кувајт Сити

Во ирански напад со ракети и дронови погодени се инсталации и објекти на меѓународниот аеродром во Кувајт Сити, јавуваат кувајтски медиуми. Во нападите тешко е оштетен ародромскиот Терминал 1, поради што дел од летовите биле пренасочени, соопшти Кувајтската управа за цивилно воздухопловство. Американската армија претходно соопшти дека кон Кувајт биле истрелани две ирански ракети кои се распаднале во лет, додека три ракети кон Бахреин биле пресретнати од американските и бахреинските сили. Централната команда на американската армија наведе дека Иран извршил балистички ракетни напади кон регионални цели, при што дел од проектилите не ги погодиле целите. Како одговор, американските сили извршиле напади врз островот Кешм во Ормуската Теснина и уништиле повеќе ирански балистички ракети и дронови, соопштија воени извори. JUST IN: Dramatic footage appears to show the reported attack on a U.S. base in Kuwait as regional tensions continue to escalate. pic.twitter.com/gSum8mTaH3 — Iran eye's (@IranMilittary) June 2, 2026

Go to News Site