Kurir
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пристигна во Киев, неколку дена по последниот смртоносен голем руски напад со ракети и беспилотни летала врз украинската престолнина и други делови од земјата. Руте е придружуван од амбасадорите на земјите-членки на Алијансата, изјави неговата портпаролка за ДПА. Амбасадорите во НАТО го формираат Северноатлантскиот совет, што е највисокото политичко тело на НАТО за донесување одлуки и обично се состанува најмалку еднаш неделно во Брисел. Украинските медиуми го покажаа Руте како излегува од ноќен воз на станицата во Киев. Од безбедносни причини, портпаролката на шефот на НАТО одби да коментира за точниот распоред на посетата. Во минатото Руте во неколку наврати го посети Киев за да се сретне со претседателот Володимир Зеленски и други политичари. НАТО моментално ја поддржува Украина преку Листата со приоритетни барања за Украина, таканаречената програма PURL. Иницијативата вклучува муниција и оружје произведено во САД што се продаваат на европските сојузници и Канада, кои потоа ги ставаат на располагање на Украина, пренесува ДПА.
Go to News Site