Kajgana
Отоци и дебелеење – кои хормони беснеат во вашето тело? Александра Спасеска 03.06.2026 / 13:44 Фит Имате „гума за пливање“ околу струкот и не можете да оформите рамен стомак иако редовно вежбате и внимавате на исхраната? Кои хормони се виновни за овие последици и како да го решите проблемот? Стомак Виновник: Кортизол Нашите тела имаат развиено систем да препознаваат опасност и тогаш организмот е под стрес и се лачи „хормонот на стрес“ – кортизол. Постојано сме под стрес. Кога телото ќе препознае опасност почнува да складира маснотии околу црниот дроб и затоа имаме подебел стомак, а телото има дополнителен одбранбен штит. Нутриционистите препорачуваат да внесете повеќе минерали во исхраната. Задник и колкови Виновник: Естроген Преголемо количество на естроген во женското тело се манифестира со зголемен задник и колкови. Можете да внесувате повеќе соја во исхраната и да намалите со алкохолот. Тој е многу штетен ако имате вишок естроген во телото. Нутриционистите исто така препорачуваат исхрана богата со витамин Е. Отечени зглобови Виновник: Прогестерон Отоци на зглобовите на нозете се знак дека задржувате течности во организмот. Причината може да е недостигот на прогестерон - овој хормон делува како диуретик. Јадете семки од сончоглед и путер од кикирики, избегнувајте индустриски преработена храна и пијте многу течности. Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On
Go to News Site