Kajgana
Дури 289 играчи на Светското првенство претставуваат земја во која не се родени ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО Филип Здравески 03.06.2026 / 18:07 Фудбал Во пресрет на претстојното Светско првенство спортската јавност е соочена со фасцинантниот податок дека дури 289 фудбалери нема да играат за земјите во кои се родени. Репрезентацијата на Курасао Овој глобален феномен на миграција и спортско државјанство е детално опишан во инфографик кој открива сосем нови димензии на модерниот репрезентативен фудбал. Случајот со репрезентацијата на Курасао е особено интересен, бидејќи дури 25 играчи на оваа селекција се родени во Холандија. Курасао е поранешна холандска колонија во состав на Холандските Антили, која и денес е под капата на Кралството Холандија. Потсетуваме, секоја репрезентација пријавува 26 играчи за претстојниот Мундијал. Втора на листата е репрезентацијата на ДР Конго со 20 фудбалери. Како поранешна белгиска колонија и франкофонска земја, очекувано, 11 играчи се родени во Франција, а 5 во Белгија. Трет е Мароко со 19 играчи родени во странство. Од нив по 6 се од Франција и Шпанија, по 3 од Белгија и Холандија, а еден од Канада. Меѓу европските селекции кои одлично ги користат предностите на фудбалерите родени надвор од нивните граници лидер е Босна и Херцеговина со 17 играчи. Од Германија се 4, од Австрија и Шведска се по 3, од Србија се 2, а по еден доаѓа од Хрватска, Словенија, Швајцарија, Данска и САД. По 17 дијаспорци имаат и Алжир и Хаити, двете поранешни француски колонии. Нормално, од Франција доаѓаат и најголем бврој од нивните фудбалери: кај Алжир 13, а кај Хаити 12. 15 од дијаспората има Тунис, исто така поранешна француска колонија, од кои 7 се родени во Франција. Следен е Зелен 'Рт, поранешна португалска колонија, со 14 играчи. Но, кај популарните „Ајкули“ само 3 се родени во Португалија, а 6 во Холандија. The 289 World Cup players who do not represent their country of birth pic.twitter.com/r870DNgQrK — Total Football (@TotalFootball) June 3, 2026 Овие податоци дефинитивно потврдуваат дека модерниот фудбал ги брише географските граници, трансформирајќи ги националните тимови во вистински репрезентации кои иселениците ги враќаат дома. За репрезентациите овој феномен претставува неисцрпен извор на квалитет и силен патриотски набој што ја поврзува татковината со нејзините синови родени низ светот. СП 2026 Курасао Босна и Херцеговина Алжир Мароко ДР Конго Хаити Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site