Kajgana
Не доаѓале на работа во ИЈЗ, а земале плата и по 200 евра месечно плаќале на колеги за да им ги куцаат картичките Филип Здравески 03.06.2026 / 18:46 Македонија Околу 20 до 30 вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во период од 6-7 години редовно земале плата без да се појават на работното место. Ова денеска го соопшти директорката на Институтот, д-р Марија Андоновска, појаснувајќи дека овие лица биле уредно регистрирани во системот за евиденција на работа, за што на одредени колеги им плаќале по 200 евра за да им ги отчукуваат картичките. Дел од вработените кои ги откуцувале картичките самите го признале тоа, а најголем дел од оние што не доаѓале на работа веќе сами си заминале. Овие информации следуваат по вчера објавениот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работата на ИЈЗ во 2024 година, во време кога директор на институцијата беше д-р Шабан Мемети. Ревизорите изразија неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со законската регулатива за 2024 година. Ревизија во Институтот немало направено од 2017 година. Директорката Андоновска информираше дека уште на почетокот на нејзиниот мандат биле воочени низа неправилности, по што во јануари 2025 година биле известени Бирото за јавна безбедност – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Секторот за криминалистички истраги и за корупција. Од Институтот тогаш биле подигнати околу дваесетина класери со материјал. Remote video URL ИЈЗ Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро On
Go to News Site