Collector
ФИФА воведува нова побрза полуавтоматска офсајд технологија, еве што значи тоа | Collector
ФИФА воведува нова побрза полуавтоматска офсајд технологија, еве што значи тоа
Kurir

ФИФА воведува нова побрза полуавтоматска офсајд технологија, еве што значи тоа

Светската фудбалска федерација ФИФА воведува нова генерација полуавтоматски офсајд технологија која ќе биде користена на СП 2026 во САД, Канада и Мексико. Новата технологија ќе овозможи носење побрза одлука, а помошните судии нема да мораа да го чекаат крајот на акцијата за да сигнализираат офсајд. Доколку играчот биде повеќе од 10 сантиметри во недозволена позиција, помошниот судија со аудио сигнал во реално време ќе добива информација. Досега тоа се случуваше на офсајд над 50 сантиметри, новата технологија ќе го забрза процесот. Еден од примерите е играчот на Нотингем Форест Таиво Авоњи, кој минатата сезона беше потешко повреден по удар во стативата, а знаменцето на помошникот беше кренато со задоцнување. ФИФА ќе ја користи и модерната 3Д технологија и ќе бидат направени модели на сите 1.248 учесници пред турнирот, што ќе биде од помош при спорните офсајд ситуации. Судиите како помош ќе ја имаат и контролата на топката пред постигнат гол дали била надвор од теренот, како и тоа дали играч евентуално го попречувал „видното поле“ на голманот.  (МИА)

Go to News Site