Collector
Почетино се договорил со Милан | Collector
Почетино се договорил со Милан
Kajgana

Почетино се договорил со Милан

Почетино се договорил со Милан Филип Здравески 03.06.2026 / 20:40 Фудбал Маурисио Почетино, по завршувањето на Светското првенство, ќе стане нов тренер на Милан. Италијанските медиуми потврдија дека Почетино ги прифатил сите услови на Милан, постигнал прелиминарен договор според кој ќе го преземе тимот по Светското првенство со годишна плата од 5 милиони евра. Почетино испиша историја со Тотенхем, подоцна не се прослави со Пари Сен-Жермен и Челси, а потоа ја прифати понудата да стане селектор на САД. Негова главна цел е да ги однесе Американците што подалеку на Светското првенство, кое го организираат заедно со Канада и Мексико. По Мунијалот, Аргентинецот ќе има уште една тешка задача, да го врати Милан во врвот на Серија А, што значи и пласман во Лигата на шампионите, нешто што изминатава сезона тимот не успеа да го оствари. Милан неодамна се раздели со Масимилиано Алегри поради катастрофалниот финиш на сезоната, поради што откази добија и сите директори. Маурисио Почетино Милан Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site