Kajgana
ФИФА конечно го менува правилото кое ги нервираше играчите и навивачите Филип Здравески 03.06.2026 / 20:48 Фудбал ФИФА потврди дека ќе користи подобрена полуавтоматска технологија за офсајд на Светското првенство 2026, што треба да го забрза донесувањето одлуки и да ја елиминира една од најголемите фрустрации за навивачите во последните години. Според информациите објавени од новинарот на BBC, Дејл Џонсон, помошниците на судиите ќе добијат звучен сигнал во слушалките кога системот ќе открие дека играчот е во офсајд повеќе од 10 сантиметри. Во такви ситуации, повеќе нема да има потреба да се чека да заврши акцијата, односно помошникот веднаш ќе може да сигнализира недозволена позиција. Правилото да не се прекинува акцијата беше воведено за да се избегнат грешки во ситуации каде што офсајдот не беше целосно јасен, а ВАР подоцна можеше да ја потврди или поништи одлуката. ФИФА ќе користи и дополнителни технолошки иновации. Една од нив е технологија за автоматско следење на топката што го напушта теренот, додека судиите ќе имаат и 3D приказ на видното поле на голманот во ситуации каде што проценуваат дали играчот во офсајд влијае на неговата способност да реагира. Целта е јасна – побрзи одлуки, помалку прекини и помалку фрустрации за играчите, тренерите и навивачите. ФИФА ВАР офсајд Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site