Kajgana
Гордон најстар, Мора најмлад учесник на Светско – Израмнет рекордот на Бора Милутиновиќ ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО Филип Здравески 03.06.2026 / 20:59 Фудбал ФИФА соопшти дека сите 48 репрезентации што учествуваат на Светското првенство испратиле конечни списоци со по 26 играчи и нагласи дека промените се можни само во случај на сериозни повреди. Секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза. ФИФА истакна дека шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч на турнирот со 43 години и 162 дена, а дека најмладиот е Мексиканецот Хилберто Мора со 17 години и 240 дена. Светската фудбалска федерација потсети и дека мексиканскиот голман Гиљермо Очоа (40) и капитените на Португалија и Аргентина, Кристијано Роналдо (41) и Лионел Меси (38), учествуваат на рекордното шесто Светско првенство, нешто што досега никој не го направил. Сите тројца учествуваа на истите Мундијали почнувајќи од она во 2006, па 2010, 2014, 2018, 2022 и сега во 2026. Messi ✔️ Ochoa ✔️ Ronaldo ✔️ The only players to be named to six #FIFAWorldCup squads. ? — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 2, 2026 Исто така, ФИФА истакна дека селекторот на Гана, португалскиот стратег Карлуш Кејрош (73), ќе учествува на петтото Светско првенство по ред, со што го израмни рекордот на српскиот стручњак Велибор Бора Милутиновиќ. Кејрош ја предводеше Португалија во 2010, Иран во 2014, 2018 и 2022, а сега ќе седи на клупата на Гана. Милутиновиќ го предводеше Мексико во 1986, Костарика во 1990, САД во 1994, Нигерија во 1998 и Кина во 2002. 1248 players. 48 nations. Locked in. The Official Squad Lists for #FIFAWorldCup 2026 are here ⤵️ — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 2, 2026 СП 2026 Лео Меси Кристијано Роналдо Гиљермо Очоа Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off
Go to News Site