Kurir
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на претстојниот самит на НАТО во Анкара, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио. -Мислам дека претстојниот самит на НАТО во Турција во јули е веројатно најважниот самит во историјата на Алијансата, бидејќи има работи што мораме да ги поправиме и расчистиме. Самиот претседател Трамп ќе учествува, рече Рубио во текот на вториот ден од сведочењето пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат. Самитот на НАТО ќе се одржи во главниот град на Турција на 7 и 8 јули. (МИА)
Go to News Site