Kurir
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ги предупреди младите Руси дека најверојатно ќе загинат доколку учествуваат во војната во Украина. - Ви се испраќа лоша понуда. Нема да бидете обучени, опремата што ќе ви ја обезбедат е со лош квалитет и постои многу голема шанса да загинете или да бидете ранети додека сте таму. Ако бидете ранети, веројатно ќе останете во калта да страдате и да умрете – рече Руте за време на прес-конференцијата во Киев, обраќајќи им се на „младите Руси и нивните семејства“. Руте рече дека Русија трпи „запрепастувачки“ загуби во Украина, каде, како што истакна, повеќе од 30.000 руски војници ги губат животите на месечно ниво. - Тоа значи губење на повеќе луѓе во еден месец отколку што Советскиот Сојуз изгуби за 10 години војна во Авганистан. Тоа не е апстрактно. Тоа најверојатно ќе бидете вие – порача Руте. (МИА)
Go to News Site