Collector
Се празнува Светиот маченик Василиск | Collector
Се празнува Светиот маченик Василиск
Kurir

Се празнува Светиот маченик Василиск

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 мај. Светиот маченик Василиск Роднина на Свети Теодор Тирон. Беше мачен заедно со Евтропиј и Клеоник. Кога последниве двајца беа распнати и на трети март издивнаа, Василиск повторно го вратија во затворот. Тогаш се случи смена на царските намесници, па Василиск остана долго во затворот. Со солзи Го молеше Бога да не го лиши од маченичката смрт. И после долга молитва Самиот Господ Исус Христос му се јави, му вети дека ќе му ја исполни желбата и го прати во неговото село да се поздрави со мајка му и со браќата. Тогаш дојде новиот намесник Агрипа и заповеда веднаш да му го доведат Василиск од селото. На патот од селото кон градот Амасија преку Својот маченик Господ изврши големи чуда, заради кои многуброен народ поверува во Христа. Агрипа му нареди на маченикот да му принесе жртва на Аполон. „Аполон значи губител!“, рече Василиск и со усрдна молитва го урна идолот во прав и со небесен оган го изгоре храмот. Уплашениот Агрипа сето тоа им го припишуваше на магиите, та нареди и Василиск го убија со меч. Тогаш Агрипа полуде и во лудилото отиде на губилиштето, најде малку од крвта на маченикот во прашината, си ја подвзра себеси под појасот, од што веднаш стана здрав. Си дојде на себе и се крсти. Подоцна некој Марин, граѓанин Комански (Комани се викаше местото каде што го погубија Василиск) подигна црква за моштите на маченикот и таму мнозина болни наоѓаа исцеление. Тропар Вселената те запозна како кроток Христов ученик, тебе Василиске мачениче, миленик на Ангелите, преку тебе благодатта стана оган кој ги гори неверниците. Моли се за нас, ти кој Христа за придружник Го имаше, до небесните порти на вечното спасение. Вториот Вселенски Собор Во времето на царот Теодосиј Велики овој Собор беше свикан, во 381 година, во Цариград, за да го утврди православното учење за Светиот Дух, за Којшто криво учеше тогашниот цариградски патријарх Македониј. Имено, овој духоборен патријарх учеше дека Светиот Дух е Божја твар, а не Божествена ипостас рамна на ипостасите на Отецот и Синот и со нив еднобитна. Македониј беше осуден од Соборот, а Никејскиот Симбол на Верата дополнет со учењето за Светиот Дух. Светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски Современик на праотецот Авраам. Според зборовите на Светиот апостол Павле, како цар и свештеник Мелхиседек е праобраз на Господ Исус Христос (Евр. 7). Тропар О велик Господи, о Сило незнајна, Ти даде лик на свештенството преку праведниот Мелхиседек, а го покажа Своето совршенство преку Синот Твој Единороден, затоа о ти Мелхиседеку, Божји свештенику, праобразу на ереите, моли се да не попушти ревноста на свештениците, моли се, отче, правилно да управуваат епископите, Словото да биде со живот исповедано, лебот и виното во Живот преобразено, за попатнина кон Небесната скинија.

Go to News Site