Collector
Бен-Гвир: Примирјето со Либан е голема грешка, Бејрут е партнер на Хезболах | Collector
Бен-Гвир: Примирјето со Либан е голема грешка, Бејрут е партнер на Хезболах
Kurir

Бен-Гвир: Примирјето со Либан е голема грешка, Бејрут е партнер на Хезболах

Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, го критикуваше договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан постигнат со посредство на САД, оценувајќи го како „голема грешка“. Бен-Гвир на платформата „Икс“ наведе дека милитантите на Хезболах не се повлекле од подрачјето јужно од реката Литани и изрази сомнеж дека либанската армија може да ја отстрани групата од тој простор. Тој додаде дека државата Либан е „партнер“ на Хезболах и тврди дека во нејзината влада има министри кои ја претставуваат групата, како и дека членови на Хезболах служат во либанската армија. Според него, примирјето нема да го ослаби Хезболах туку ќе му овозможи дополнително да зајакне, додека Израел, како што оцени, „практично го прифаќа“ неговото понатамошно постоење. Бен-Гвир предупреди дека Израел во иднина би можел да се соочи со посилен и поопасен Хезболах, оценувајќи дека во одредени ситуации е неопходно спротивставување и на притисоци, вклучително и на оние што доаѓаат од САД.

Go to News Site