Collector
„Легато бенд“ со емотивна балада која веќе станува химна на вљубените – „Со тебе засекогаш“ | Collector
„Легато бенд“ со емотивна балада која веќе станува химна на вљубените – „Со тебе засекогаш“
Kurir

„Легато бенд“ со емотивна балада која веќе станува химна на вљубените – „Со тебе засекогаш“

Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во новата песна „Со тебе засекогаш“ , најновиот проект на Легато Бенд од Струмица. Станува збор за моќна балада која за многу кратко време по објавувањето го привлече вниманието на публиката, а веќе се наметнува и како еден од омилените избори за првиот свадбен танц на младенците. Композиција која ја слави љубовта, верноста и заедничкиот живот, а нејзината порака е пренесена преку искрени стихови и моќна мелодија која буди силни емоции уште при првото слушање. За квалитетот на ова музичко остварување се погрижи добро познатото име на македонската сцена Јордан Митев , кој се потпишува како автор и продуцент на песната и видеото. Неговото долгогодишно искуство и препознатлив музички печат уште еднаш резултираа со проект кој носи силна емоција и автентична приказна. За визуелниот дел и постпродукцијата беше задолжен познатиот Зати, кој преку модерна и впечатлива продукција успеа да ја долови суштината на песната и љубовната порака што таа ја носи. Легато Бенд со години важи за еден од најангажираните и најбараните бендови во Македонија. Нивните настапи се препознатливи по врвната музичка изведба и непосредната комуникација со публиката, а зад себе имаат бројни фестивалски настапи и успешни музички проекти. Сепак, членовите на бендот не кријат дека токму „Со тебе засекогаш“ за нив претставува еден од најзначајните проекти реализирани досега. Текстот на песната е исполнет со искрени ветувања и љубовни завети, а рефренот ја носи централната порака за безусловна љубов, доверба и посветеност меѓу двајца луѓе. Токму затоа многумина веќе ја нарекуваат новата свадбена химна која ќе одекнува на бројни веселби и свадбени церемонии во периодот што следува. Инаку, покрај овој проект, Јордан Митев деновиве ја претстави и песната „Песна за Калуѓерица“, музичко дело со сосема поинаква тематика, инспирирано од животот на печалбарите и македонската дијаспора во Швајцарија. Со тоа уште еднаш потврди дека успешно создава музички приказни кои допираат до различни генерации и животни судбини. Со „Со тебе засекогаш“, Легато Бенд испраќа јасна порака дека вистинската љубов никогаш не излегува од мода, а според првите реакции на публиката, оваа песна има сѐ што е потребно да стане еден од најслушаните љубовни хитови оваа година.

Go to News Site