Collector
Брачните кризи во Македонија почнуваат меѓу 5-тата и 9-тата година: Додека бројот на свадби опаѓа, разводите рушат рекорди | Collector
Брачните кризи во Македонија почнуваат меѓу 5-тата и 9-тата година: Додека бројот на свадби опаѓа, разводите рушат рекорди
Kajgana

Брачните кризи во Македонија почнуваат меѓу 5-тата и 9-тата година: Додека бројот на свадби опаѓа, разводите рушат рекорди

Брачните кризи во Македонија почнуваат меѓу 5-тата и 9-тата година: Додека бројот на свадби опаѓа, разводите рушат рекорди Филип Здравески 04.06.2026 / 15:47 Македонија Во текот на 2025 година во државава биле склучени вкупно 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1% во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Наспроти ова, статистиката бележи нагорен тренд кај прекините на брачните заедници, односно во 2025 година се регистрирани вкупно 2.185 разведени бракови, што е за 8% повеќе во однос на 2024 година. Според официјалните податоци, соодносот покажува дека на секои 1.000 склучени бракови во земјава доаѓаат точно 208 разводи. Анализирано по месеци, граѓаните најчесто ја избирале летната сезона за правење свадби, па така најголем број бракови, односно 1.362 или 13,0% од вкупната бројка, се склучени во месец август. Од друга страна, најмалку економски и социјални преференции за оваа цел имало во март, кога се евидентирани само 473 бракови, што претставува 4,5%. Во однос на редоследот, доминантни се првите бракови со учество од 92,8% кај жените и 92,1% кај мажите, додека во втор и во трет брак почесто стапуваат мажите, каде нивното учество изнесува 7,1% за вториот и 0,8% за третиот брак. Податоците на Државниот завод за статистика ја потврдуваат и разликата во возраста при првото соочување со матичар, каде што просечната возраст за невестата изнесува 27,5 години, додека за младоженецот таа граница е 30,2 години. Гледано по старосни групи, најголема динамика има во периодот од 25 до 29 години, каде што се евидентирани 3.448 или 32,8% кај жените и 3.750 или 35,7% кај мажите. Кога станува збор за разводите, критичната возраст за прекин на брачната заедница кај двата пола е во старосната група од 35 до 39 години, каде се регистрирани 400 или 18,3% кај жените и 381 или 17,4% кај мажите. Во однос на долговечноста на заедницата, статистичката анализа покажува дека браковите најчесто се распаѓаат во периодот од петтата до деветтата година по нивното склучување, категорија во која се евидентирани 478 или 21,9% од вкупниот број на разводи во текот на годината. разводи Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off

Go to News Site