Collector
Познато е кога почнува и колку тимови ќе има НБА Европа | Collector
Познато е кога почнува и колку тимови ќе има НБА Европа
Kajgana

Познато е кога почнува и колку тимови ќе има НБА Европа

Познато е кога почнува и колку тимови ќе има НБА Европа Филип Здравески 04.06.2026 / 17:06 Кошарка Комесарот на НБА, Адам Силвер, изјави дека очекува НБА Европа да започне од сезоната 2027/2028, објави ESPN. „Многу сме блиску до планот што го зацртавме. Се надеваме и очекуваме таа лига во Европа да започне во сезоната 2027/2028. На вистинскиот пат сме. Конечните понуди од заинтересираните франшизи треба да ни бидат доставени кон крајот на јуни. Постои рекорден интерес и сме многу возбудени поради можноста што ја имаме и соработката со ФИБА“, рече Силвер на прес-конференција во Сан Антонио. Американските медиуми објавија дека НБА Европа треба да има 16 клубови. „Планираме да започнеме лига со 16 тимови. Ќе има 12 постојани франшизи и постои можност, искрено, кој било клуб од Европа да може да игра за преостанатите четири места. Тоа е структурата на лигата за која разговараме со потенцијалните франшизи. Ова се некои франшизи кои веќе играат во Европа, а има и групи кои сакаат да формираат клубови во градови каде што кошарката не е на највисоко ниво. Разговорите со Евролигата се во тек. Се надеваме дека ќе можеме да најдеме начин да ги интегрираме нашите операции со Евролигата, но ќе продолжиме во секој случај“, додаде комесарот на НБА лигата. Силвер зборуваше и за проширувањето на НБА во Соединетите Американски Држави. „Плановите за проширување на НБА лигата се во тек, а конечната одлука ќе биде донесена до крајот на оваа година. Мислам дека сите знаат дека сме фокусирани на франшизи во Сиетл и Лас Вегас. Постојат неколку групи што се заинтересирани за двата града. Разговорите со нив се во тек. Им кажавме на заинтересираните страни дека очекуваме нашиот Одбор на директори да донесе конечна одлука до крајот на годината“, рече Силвер. НБА Европа Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро Off

Go to News Site