Kurir
Утре 05.06.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора. Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro", каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, на 05.06.2026 во 15:30 часoт е предвидена заедничка прес- конференција во Naval Heritage Museum во Тиват.
Go to News Site