Collector
Брера Струмица го освои младинскиот Куп на Македонија | Collector
Брера Струмица го освои младинскиот Куп на Македонија
Kajgana

Брера Струмица го освои младинскиот Куп на Македонија

Брера Струмица го освои младинскиот Куп на Македонија Филип Здравески 04.06.2026 / 18:46 Фудбал Екипата на Брера Струмица триумфираше во Купот на Македонија за фудбалери до 19 години откако во интересна борба на крајот по изведување на пенали го совлада Шкупи. Први до водство дојдоа фудбалерите на Шкупи и тоа од белата точка по еден несмасен старт на Габриел Талески уште во првата минута. Сигурен реализатор беше Судејс Чајани. Актуелниот лигашки шампион тргна по израмнување, но тоа го стори дури кратко пред паузата кога една одлична акција заврши со погодок на Матеј Сејменов. На 15 минути пред крајот Марио Митрев испрати бомба од 20 и кусур метри за пресврт и водство на Брера. Но, само три минути подоцна Нејази Нухија си отвори простор во шестнаесетникот и израмни на 2:2. Скопската екипа остана со играч помалку во 84. минута откако претходно настана мешаница по еден прекршок, а најбунтовен беше капитенот Венис Енуз. До крајот резултатот остана нерешен, па пеналите мораа да го дадат победникот. Во пенал-рулетот свое шоу имаше струмичкиот голманн Александар Трајков бранејќи ги ударите во првата и третата серија. Голманот на чаирчани, Сефер Муслиу, врати со одбрана во четвртата серија, а претходно во третата струмичани погодија статива. Во петтата серија шутерите реализираа, па рулетот продолжи. Трајков повторно одлично прочита и одбрани, а Бојан Велков го реализираше својот удар за конечна победа на Брера од 4:3 на пенали. За Брера Струмица овој триумф значи двојна титула сезонава откако претходно го освоија и првенството во младинската конкуренција. За потсетување, сениорската екипа на овој клуб испадна од првата лига откако го загуби баражот со второлигашот Скопје. И финалистот Шкупи ја има истата судбина, нивната сениорска екипа заврши последна во првата лига и испадна. Тренинг-центар „Петар Милошевски“ терен 1 во Ново Лисиче, Скопје Брера Струмица - Шкупи 2:2 (1:1); 4:3 пен. Стрелци: 40' Матеј Сејменов, 75' Марио Митрев - 2' (п) Судејс Чајани, 78' Нејази Нухија Брера Струмица: Александар Трајков; Никола Ангелов, Марио Митрев, Андреј Димовски, Игор Ристов, Габриел Талески, Матеј Сејменов (87' Филип Кулески), Иван Шириќ (60' Ристе Милев), Ѓорге Танчев (к), Мартин Ѓорѓиев (60' Иван Танчев), Бојан Велков. Тренер: Ѓорѓе Стојчев Шкупи: Сефер Муслиу; Венис Енуз (к), Аљмир Османи (72' Ендрит Рустеми), Анес Бајрами, Омер Хасани, Шкељќим Ферати, Судејс Чајани, Тарик Керими (86' Арда Нуредин), Фисник Љамалари, Нејази Нухија, Кадри Брути (46' Бертан Ќерими). Тренер: Халим Билали Главен Судија: Димитар Пилешков (Штип) Црвени картони: 84' Венис Енуз (Ш) ФК Брера Струмица Куп на Македонија Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site