Collector
Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша | Collector
Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша
Kurir

Парламентот ја изгласа новата влада на Словенија, предводена од Јанша

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите добија три министерски места, а другите пет ресори му припаднаа на Нова Словенија и на Фокус. Јанша е роден на 17 септември 1958 година, а првпат беше премиер 2004 до 2008 година. Вториот премиерски мандат го извршуваше од 10 февруари 2012 до 20 март 2013 година, а третиот од 2020 до 2022 година. На изборите одржани на 22 март, Словенечка народна партија освои 28 мандати, еден помалку од левичарско-либералното Движење за слобода, на претходниот премиер Роберт Голоб. (МИА)

Go to News Site