Collector
Скопската зоолошка има нови, слатки жители: Белите волци добија бебиња (ФОТО) | Collector
Скопската зоолошка има нови, слатки жители: Белите волци добија бебиња (ФОТО)
Kurir

Скопската зоолошка има нови, слатки жители: Белите волци добија бебиња (ФОТО)

Скопската зоолошка градина има нови најслатки жители. -Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени, велат од ЗОО Скопје. Овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката.

Go to News Site