Kurir
Општина Бутел соопшти дека започнала активности за поставување видео надзор на јавните површини во општината. Во изминатиот период беа оштетени голем број детски игралишта, спортско-рекреативни центри и паркови. Локалната самоуправа ја надомести штетата и ги обнови јавните површини, но уништувањето на детските игралишта, спортските терени и урбаната опрема продолжува. Општината очекува поставувањето на видео надзорот да придонесе за намалување на девијантните појави. Снимките од надзорот ќе може да се користат единствено по налог на надлежните институции, со целосно почитување на законите. Градоначалникот Дарко Костовски упати апел за совесно користење на урбаната опрема и заштита на општинскиот имот.
Go to News Site