Collector
Ќе има ли конечно дуел Роналдо - Меси на Светско? | Collector
Ќе има ли конечно дуел Роналдо - Меси на Светско?
Kajgana

Ќе има ли конечно дуел Роналдо - Меси на Светско?

Ќе има ли конечно дуел Роналдо - Меси на Светско? Филип Здравески 05.06.2026 / 11:47 Фудбал За двајцата ова ќе биде рекордно шесто Светско првенство, а во претходните пет Португалија и Аргентина никогаш не ги вкрстија копјата. Дали конечно светот ќе го дочека овој епски дуел? Португалија и Аргентина меѓу себе имаат одиграно само 8 натпревари и тоа сите пријателски (два од нив на пријателски турнири во Бразил). Никогаш, ама буквално никогаш не се сретнале на некое меѓународно натпреварување на ФИФА. Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги одиграле двата последни нивни пријателски дуели. Интересно, никогаш не играле на аргентинска почва: 4 пати во Португалија и 4 на неутрален терен. Иако двајцата играат на мундијалите уште од оној во 2006 година во Германија, никогаш не се начекаа еден против друг, иако цел свет со душа го чекаше нивниот меѓусебен дуел. Сега на Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико е последната шанса за нивна официјална репрезентативна пресметка. На претходниот Мундијал 2022 во Катар математиката велеше дека можат да се сретнат во големото финале, но Португалија и Роналдо се сопнаа во четвртфиналето против Мароко. Сега во Северна Америка можат да се соочат најрано во четвртфиналето, но и во финалето. Сепак, сѐ зависи од нивниот пласман во групната фаза. Аргентина е во групата Ј заедно со Алкжир, Австрија и Јордан, додека Португалија е во претпоследната група К со ДР Конго, Узбекистан и Колумбија. Доколку двете завршат први во групата, тогаш неизбежна е нивната пресметка во четвртфиналето. Доколку една од нив заврши прва, а другата втора, тогаш ќе се најдат на различни страни во нокаут-фазата и нивната средба ќе биде можна само во големото финале. Во игра се повеќе сценарија бидејќи на овој Мундијал и дел од третопласираните ќе продолжат во нокаут-фазата, но ваквото сценарио е тешко да се предвиди бидејќи постојат многу комбинации. Сепак, најреалните сценарија се горенаведените две. Меси со триумфот во Катар го комплетираше списокот на пехари, додека на Роналдо му недостасува токму овој, мундијалскиот. Сите меѓусебни дуели: 1928, Лисабон Португалија - Аргентина 0:0 1952, Лисабон Португалија - Аргентина 1:3 1954, Лисабон Португалија - Аргентина 1:3 1961, Лисабон Португалија - Аргентина 0:2 1964, Рио де Жанеиро (Бразил) Аргентина - Португалија 2:0 1972, Рио де Жанеиро (Бразил) Аргентина - Португалија 1:3 2011, Женева (Швајцарија) Португалија - Аргентина 1:2 2014, Манчестер (Англија) Аргентина - Португалија 0:1 Кристијано Роналдо Лео Меси СП 2026 Аргентина фудбал Португалија фудбал Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро On

Go to News Site