Kajgana
Од италијанска гледна точка: Чудни работи во македонските маркети Филип Здравески 05.06.2026 / 12:36 Чек дис аут Ако никогаш не сте се запрашале како изгледа кога Италијанец ќе влезе во македонски супермаркет, време е да отриете. Популарниот италијански патник Tripotatoes, кој шета низ светот и објавува интересни видеа, сними материјал и од Македонија. Интересно е како реагира на одредени производи во македонските маркети. Се чини впечаток му оставија пиварките, газозата и јогуртот. Се запрепасти кога ги виде наполитанките, коментирајќи „Никогаш нит сум видел, нит сум чул“. Наполитанките не се производ од Неапол, како што сугерира името, туку се австриски изум, а го добиле името бидејќи кремот бил правен од лешници увезени од околината на, погодувате, Неапол. Италијанците овие благи ги викаат вафер или фру фру. Посебен негативен впечаток му оставија рафтовите каде еден до друг производ седат лазањи и кечап и потоа шпагети и повторно кечап. Познато е дека за Италијанците е богохулие користењето кечап на паста или пица, па самиот тој при првата ваква глетка рече: „Не можам да замислам што може да се направи“. Италијанците користат исклучиво доматен сос. Го испофали огромниот избор на македонски вина, како и достапните цени. маркети Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On
Go to News Site