Kurir
Директорка на СБ за Косово и Македонија Карол Межеван напомена дека урбаната мобилност е исклучително важна. -Македонија станува сè поурбанизирана држава. Околу 60 проценти од населението живее во градовите, а таму се концентрирани и сè поголем дел од економските активности. Затоа урбаната мобилност претставува сериозен предизвик. Ова не е само прашање на транспорт. Станува збор за тоа како луѓето се движат, како стигнуваат до работните места, здравствените установи и образовните институции, како им се овозможува пристап до можности и услуги - посочи Межеван. Таа рече дека предизвикот не е единствен само за земјава, со истиот проблем се соочуваат многу држави, а растечкиот број приватни возила предизвикува сообраќајни метежи и загадување. - Затоа одржливата урбана мобилност е клучен дел од развојната агенда. Горди сме што Светската банка во изминатите години ја поддржува оваа област и се надеваме дека ќе продолжиме и во иднина - додаде Межеван. Нагласи дека досега се направени значајни инвестиции во локалната инфраструктура, реконструкција на патишта, подобрување на безбедноста на пешаците, тротоарите и сообраќајната сигнализација, но додаде дека не станува збор само за инфраструктура, туку дека се потребни силни институции, квалитетни планови и добри политики. -Токму во тоа помага овој проект. Особено е важно што плановите за одржлива урбана мобилност се подготвуваат „оддолу нагоре“, преку слушање на потребите на граѓаните и нивно преточување во конкретни решенија за развој на градовите, истакна Межеван, напоменувајќи дека ова е втор ваков настан. Таа нагласи дека проектот наскоро завршува, а според информациите што ги добила сите 80 општини во земјава имале корист од него.
Go to News Site