Kurir
На 02.06.2026 околу 20:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на некатегоризиран пат во „Новиот парк“ во Свети Николе, 15-годишен малолетник од Свети Николе, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на патот. -Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
Go to News Site